Зборовите на Агур, син Јакеов; негово пророштво, кажано на Итиел, на Итиел и Укал. Навистина, јас сум понеук од кого и да било меѓу луѓето, и во мене нема разум човечки, и не се научив на мудрост, и не успеав да Го запознаам Сесветиот. Кој се искачил на небото и слегол оттаму? Кој собрал ветар во пазувата своја? Кој врзал вода на наметката своја? Кој ги поставил сите краишта на земјата? Како му е името? И кое е името на синот негов? Знаеш ли? Секој збор од Бога е чист; Тој му е штит на оној, што се надева на Него. Не додавај кон зборовите Негови, за да не те разобличи, и да не излезеш лажливец.
Прочитај Изреки 30
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 30:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа