Стапот и прекорот даваат мудрост; но момче, оставено без грижа, ја посрамува својата мајка. Кога се умножуваат безбожните, се умножува беззаконието; но праведните ќе го видат нивното паѓање. Казнувај го синот свој, и тој ќе ти даде мир и ќе ѝ донесе радост на душата твоја. Без откровение одозгора народот е нескротлив, а кој го пази законот, блажен е. Слугата со зборови нема да се научи, зашто и да ги разбира, не ги слуша. Ако си видел човек брз и недомислен во зборовите свои, повеќе надевај се на безумен, отколку на него. Ако ласкаво држиш слуга од детството, подоцна ќе посака да ти стане син. Гневлив човек подига бунтови, а избувливиот многу греши. Гордоста на човека го понизува, а смирениот по дух ќе се здобие со чест. Кој дели со крадец, ја мрази душата своја; тој слуша клетви, но не ги соопштува. Оние што се плашат и срамуваат од луѓето, ќе се сопнат; а кој се надева на Господ, ќе биде спасен. Мнозина го бараат благонаклоното лице на управителот, но судбината на човекот е од Господ. Неправеден човек е одвратен за праведниците, а одвратност за безбожниот е оној што оди по прав пат.
Прочитај Изреки 29
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 29:15-27
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа