Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 27:15-27

Изреки 27:15-27 MK2006

Непрестајно капење од стреа во дождлив ден и жена кавгаџика се едно исто: кој сака да ја задржи, тој сака да задржи ветар и со својата рака масло да фати. Железо железо остри, и човек на човека гневот го изострува. Кој ја чува смоквата своја, ќе ги јаде плодовите нејзини, и кој го чува господарот свој, ќе биде почитуван. Како што е во водата лице спроти лице, така е и срцето на човека спроти човек. Пеколот и бездната не можат да се наситат: така се ненаситни и очите чо­вечки. Она што е топилницата за среброто и печката за златото, тоа се за човекот устите, што го фалат. Безумниот да го толчиш со же­лезо во дибек заедно со зрната, – безумието нема да се оддели од него. Добро надгледувај го добитокот свој, води грижа за стадата свои; како што богатството не е вечно, така и власта не трае довека. Тревата никнува, и зеленило се јавува, па се собираат билки горски, тогаш овците треба да ти бидат тебе за облека, и козите – за купување ниви; ќе имаш доволно козјо млеко за тебе и за твоите домашни за храна и на твоите слугинки за исхрана.