Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 27:1-14

Изреки 27:1-14 MK2006

Не фали се со утрешниот ден, зашто не знаеш, што ќе роди тој ден. Нека те фали друг, а не устата твоја, – туѓ, а не јазикот твој. Тежок е каменот, тежок е и пе­сокот; но гневот на глупавиот е потежок и од едното – и од другото. Лут е гневот, нескротлива е јароста; но кој ќе издржи против зависта? Подобро отворено разобличување, отколку сокриена љубов. Искрени се прекорите од оној, кој сака, а лажливи се бакнежите од оној, кој мрази. Сита душа го гази и восочниот мед, а на гладна душа и горчливото ѝ е слатко. Она што е птицата, што го на­пуштила гнездото свое, тоа е човекот, кој го напуштил местото свое. Маслото и темјанот го радуваат ср­цето; така е сладок пријателот со него­виот срдечен совет. Не напуштај го пријателот свој, ни­ту пријателот на таткото твој, и не му оди на братот во куќата негова во денот на неволјата твоја; подобро сосед во близина, отколку брат на­далеку. Биди мудар, синко, и радувај го ср­цето мое, – и јас ќе имам што да му кажам на оној, што ме клевети. Умниот го гледа злото и го одбегнува; а неискусните одат невнимателно и биваат казнувани. Земи му ја облеката, зашто се зало­жил за туѓинец; и за туѓинката земи од него залог. Кој со силен глас го поздравува пријателот свој од рано утро, поздравот негов ќе се прифати како клетва.