Кој, минувајќи, се замешува во туѓа караница, фаќа куче за уши. Како што разгневениот фрла оган, стрели и смрт, таков е и човекот, кој подмолно го оштетува пријателот свој и потоа вели: „Јас само се пошегував.“ Кога нема веќе дрва, огнот згаснува, и кога нема клеветник, раздорот стивнува. Јагленот е за жар, а дрвата – за оган, кавгаџијата, пак – кавга да разгорува. Зборовите на оговарачот се како слатки и влегуваат внатре во утробата. Она што е глинен сад, глеѓосан со сребро, такви се пламените усти и злобното срце. Со устата своја непријателот се преправа, а во срцето подмолност крие; кога говори дури и со нежен глас, не верувај му, зашто во срцето негово има седум одвратности. Ако омразата негова се прикрива насамо, злобата негова ќе се открие во собранието народно. Кој копа јама, ќе падне во неа, и кој тркала камен угоре, врз него ќе се врати. Лажливиот јазик ги мрази оние, што ги повредил, и устата ласкава подготвува пропаст.
Прочитај Изреки 26
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 26:17-28
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа