Како снег во летно време и дожд во време на жетва, така и честа не му прилега на безумниот. Како врапче што ќе фркне, како ластовица што ќе одлета, – така и незаслужена клетва нема да се збидне. Камшик – за коњ, узда – за магаре, а стап – за безумните. Не му одговарај на безумниот според глупоста негова, за да не станеш и ти сличен на него; но одговори му на безумниот против глупоста негова, за да не помисли дека е мудар. Кој усно порачува на безумен, тој ги потсекува нозете свои, трпи непријатност. Како што криват нозете на куциот, така и расказот куца во устата на безумните. Тоа што е оној што клава во праќа скапоцен камен, таков е и оној, кој му прави чест на безумен. Она што е трнлива гранка во раката на пијаница, тоа е и зборот во устата на безумните. Силниот сѐ врши по своја волја: и глупавиот го дарува, и секој минувач го наградува. Како што кучето се враќа на изблуеното, така и безумниот ја повторува својата глупост. Ако си видел човек, кој се смета за мудар, тогаш повеќе надевај се на безумен, отколку на него. Кога го испраќаат мрзливиот на пат, тој вели: „Ѕвер е на патот, лав има на плоштадот!“ Вратата се врти на куките свои, а мрзливиот – на леглото свое. Мрзливиот ја пружа раката своја кон храната, но тешко му е да ја принесе до устата своја. Мрзливиот самиот се смета за помудар од седуммина, кои смислено одговараат.
Прочитај Изреки 26
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 26:1-16
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа