Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 25:15-28

Изреки 25:15-28 MK2006

Со долготрпеливост се придобива и судија, а мек јазик коски крши. Ако најдеш мед, јади колку што ти треба за да не се прејадеш и да не го повратиш. Не оди често во куќата на пријателот свој, за да не му додеваш и да не те намрази. Она што е чеканот, мечот и острата стрела, таков е човекот, кој сведочи лажно против ближниот свој. Она што е скршен заб и крива нога, таква е надежта на безна­дежниот во злочест ден. Тоа што е оној, кој соблекува облека во студен ден, она што е оцет на ра­на, таков е оној, кој песни пее на ната­жено срце. Ако непријателот твој е гладен, нахрани го со леб; и ако е жеден, напој го со вода; зашто, правејќи го тоа, ти нат­рупу­ваш жар врз главата негова, и Господ ќе ти воздаде. Северниот ветер дожд донесува, а таен јазик – незадоволни лица. Подобро да живееш во агол на по­к­ривот, отколку со жена кавгаџика во широка куќа. Она што е студената вода за из­мачената од жед душа, тоа е добрата вест од далечна земја. Она што е нечист извор и матен кладенец, тоа е праведниот кој по­пушта пред безбожниот. Како што не е добро да се јаде многу мед, така и да се лакомиш за слава. Она што е разрушен град, без ѕи­дови, таков е човекот, кој не владее со духот свој.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Изреки 25:15-28

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност