И ова се мудри изреки Соломонови, што ги собраа луѓето на јудејскиот цар Езекија. Слава за Бога е да ја обвива секоја работа со тајна, а слава за царевите е да ги истражуваат работите. Како небото во висините и земјата во длабочините, така и срцето на царевите е неиспитливо. Оддели ја смесата од среброто, и истата ќе биде работа на златарот; оддалечи го неправедниот од царот, и престолот негов ќе се зацврсти со правда. Не се кревај на големо пред лицето на царот и не седнувај на местото на големците; зашто подобро е кога ќе ти кажат: „Дојди тука погоре“, отколку кога ќе те понизат пред очите на кнезот. Не брзај да покренуваш тужба, зашто, што ќе правиш на крајот, кога твојот противник ќе те посрами? Суди се со противникот, но туѓи тајни не откривај, за да не те прекори оној, што ќе го чуе тоа, и тогаш нечесноста твоја нема да избега од тебе. Умесно кажаниот збор е како златно јаболко во сребрена кошничка. Мудриот разобличувач за внимателно уво е како златна обетка и украс од чисто злато. Како ладен снег во време на жетва, така е верен оној пратеник, што се испраќа: тој му донесува утеха за душата на својот господар. Како облаците и ветровите без дожд, таков е човекот, кој се фали со лажливи подароци.
Прочитај Изреки 25
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 25:1-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа