Устите на блудниците се длабока бездна: на кого Господ ќе се разгневи, тој ќе падне во неа. Безумието на детето му е приврзано за срцето, но прачката ќе го отстрани далеку од него. Кој ограбува сиромав, за да го умножи богатството свое, и кој му дава на богатиот, – ќе осиромаши. Наклони го увото и слушај ги зборовите на мудрите, и сврти го срцето кон моите зборови, зашто ќе се радуваш, ако ги пазиш во срцето свое, и ако ти бидат исто така во устата твоја. За да биде твојата надеж во Господ, јас ти го покажувам патот. Јас ти напишав триесетина совети и поуки, за да те поучам на зборовите вистински и добри, та да ги предаваш на оние што те испраќаат. Не ограбувај сиромав, зашто тој е сиромав, и не притеснувај страдалник кај портите, – зашто Господ ќе се застапи за нив, и ќе ја истргне душата на грабачите нивни. Не се дружи со гневлив и не оди со човек жесток, за да не се навикнеш на нивните патишта и да не навлечеш стапица на душата своја. Не биди од оние, што даваат рака и се заложуваат за туѓи долгови: ако нема со што да платиш, зошто да ти ја земат постелата под тебе? Не преместувај стари меѓи, кои твоите татковци ги поставиле. Си видел ли вешт и искусен човек во својата работа? Тој ќе служи на цареви, нема да остане меѓу простите.
Прочитај Изреки 22
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 22:14-29
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа