Кој сака веселби, ќе осиромаши, а кој сака вино и мрс, нема да се збогати. Грешниот ќе биде откуп за праведниот, и лукавиот – за простодушниот. Подобро да живееш во пуста земја, отколку со жена лута и кавгаџика. Скапоцени добра и масло има во куќата на мудриот, а безумниот човек ги растура. Кој ја пази правдата и милоста, ќе најде живот, правда и слава. Мудриот влегува во градот на силните и ја соборува силата, на која тие се надевале. Кој ја чува устата своја и јазикот свој, ја чува душата своја од зло. На дрскиот силник – името му е потсмевач – дејствува со прекумерна дрскост. Гладот мрзливиот го убива, зашто рацете негови откажуваат да работат; тој секој ден гладува, а праведниот дава и не му е жал. Жртвата на безбожниците е одвратност пред Господ, зашто ја принесуваат со лукавство. Лажниот сведок ќе загине, а човек, кој говори она што знае, ќе говори секогаш. Безбожниот човек има дрско лице, а праведниот право оди по патот свој. Нема мудрост, нема разум, нема совет – против Господ. Коњот го подготвуваат за денот на битката, но победата е од Господ.
Прочитај Изреки 21
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 21:17-31
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа