Синко, ако ги примиш зборовите на Моите заповеди, и ги зачуваш во себеси, ако увото твое внимателно ја слуша мудроста, ако срцето твое се приклони кон размислување; ако ги повикаш знаењето и разумот; ако ги бараш како сребро и ги истражуваш како ризница, – ќе го разбереш стравот Господов и ќе го најдеш знаењето за Бога. Зашто Господ дава мудрост; од устата Негова доаѓаат знаењето и разумот; Тој го зачувува за праведните спасението; Тој е штит за оние кои живеат непорочно; Тој ги чува патиштата на правдата и ја брани патеката на оние, кои Го почитуваат. Тогаш ќе ги разбереш правдата и правосудието, правината и секој добар пат. Кога мудрост ќе влезе во срцето твое, и знаењето ќе ѝ биде пријатно на душата твоја, тогаш расудувањето ќе те брани, разумот ќе те чува, за да те спаси од лош пат, од човек, кој говори лага, од оние, што ги напуштиле патиштата на правдата, за да одат по патот на темнината; од оние, што се радуваат, вршејќи зло, кои се восхитуваат на расипаност, чии патишта се криви, и кои талкаат далеку од правиот пат
Прочитај Изреки 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 2:1-15
5 дена
Стекнувањето благословена и изобилна придобивка започнува со правење на вистинската инвестиција. Ако си нов христијанин, нема поголема инвестиција којашто можеш да ја направиш во твојата вера отколку редовното користење на Божјиот Збор. Почни овде за да си помогнеш во успешното читање, разбирање и применување секој ден. Преземено од книгата „Вон Овој Свет: Христијански водич за раст и цел“ од Дејвид Џ. Свандт.
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа