Мрзливоста тера во сон, а немарна душа трпи глад. Кој пази заповед, ја запазува душата своја, а кој не се грижи за своите патишта, ќе загине. Кој прави добро на сиромав, заем Му дава на Господ, и Тој ќе му плати за неговата добрина. Казни го синот свој, додека има надеж, и не се возбудувај од викањето негово. Гневниот нека трпи казна, зашто ако го пожалиш, ќе треба да го казниш уште повеќе. Слушај совет и примај поука, за да станеш потоа мудар. Во срцето на човекот има многу мисли, но се извршува само определената од Господ. Радост за човекот е неговата милостина; подобро да бидеш сиромав отколку лажливец. Стравот Господов води кон живот, и кој го има, секогаш ќе биде задоволен, и зло нема да го снајде. Мрзливиот ја пружа раката кон храната, но не сака да ја подигне до устата своја. Ако го казниш оној што се потсмева, и простиот ќе стане разумен; и ако му укажеш на разумниот, тој ќе ја разбере поуката. Кој го упропастува татко си и ја набркува мајка си, тој е бесрамен и нечесен син. Немој, синко, да слушаш совети што те отстрануваат од зборовите на разумни. Лукавиот сведок се потсмева со судот, и устата на беззакониците голта неправда. Готови се судовите за горделивите, и ударите за телото на безумните.
Прочитај Изреки 19
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 19:15-29
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа