Подобро сув залак и со него мир, отколку куќа полна со заклан добиток, но во раздор. Разумен слуга господари над развратен и со браќата ќе го подели наследството. Среброто и златото со оган се испитуваат, а срцата Господ самиот ги испитува. Лош човек се вслушува во беззакона уста; а лажливец – во злонамерен јазик. Кој се подбива со сиромав, Создателот негов го навредува; кој се радува на зло, нема да остане неказнет. Синовите на синовите се венец на старите, а слава за децата се родителите нивни. На безумниот умен збор не му прилега, уште повеќе на големец – лажлива уста. Дарот е скапоцен камен во очите на оној што го дава: каде и да се сврти, ќе успее. Кој ги покрива престапите, бара љубов, а кој одново напомнува за нив, оддалечува дури и пријател. Врз разумниот посилно дејствува прекор, отколку врз глупавиот сто удари со стап. Лошиот човек бара само зло, затоа жесток ангел ќе биде испратен против него. Подобро човек да сретне мечка, чии мечиња се грабнати, отколку безумен во неговото безумство. Кој враќа зло за добро, злото нема да ја напушти куќата негова. Почеток на караницата е како кога водна брана се отвора: отстапи од караницата пред да се разгори.
Прочитај Изреки 17
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 17:1-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа