Мудриот син го радува татко си, а безумниот нема почит кон мајка си. На неразумниот безумни му се патеките, а разумен човек оди по правиот пат. Без советување намерите се осуетуваат, а при многу советници тие успеваат. Пријатно е да се знае добро да се одговори. Колку добар е зборот изговорен во вистинскиот момент! Мудриот размислува за патот на животот, за да се отстрани од патот што води во пеколот и да се спаси. Господ ќе го сотре домот на горделивите, а меѓата на вдовицата ќе ја зајакне. Помислите на лошите се одвратни пред Господ, а зборовите на непорочните Му се угодни. Лакомиот ќе го растури својот дом, а оној, кој мрази поткуп, ќе живее. Срцето на праведниот мисли што зборува, а устата на нечесните исфрла зло. Господ е далеку од безбожните, но ја слуша молитвата на праведните. Светол поглед срце радува, добра вест коски храни. Кој го слуша учењето на животот, меѓу мудри ќе живее. Кој ја отфрла поуката, ја мрази душата своја; а кој слуша изобличување, тој придобива разум. Стравот Господов учи на мудрост, а пред славата оди смиреноста.
Прочитај Изреки 15
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 15:20-33
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа