Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Филипјаните 4:1-8

Филипјаните 4:1-8 MK2006

И така, браќа мои возљубени и многу пожелни, радост моја и венец, стојте цврсто во Господ, возљубени! Ја молам Еводија, ја молам и Син­ти­хија да бидат едномислени во Господ; а те молам и тебе, искрен сотрудни­че, помагај им на оние што се грижеа во Евангелието заедно со мене и со Кли­мент и со другите мои сотрудници, чии имиња се во Книгата на животот. Радувајте се секогаш во Господ, и пак ќе речам: радувајте се! Кротоста ваша нека им биде позната на сите луѓе! Господ е близу! За ништо не грижете се, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност изнесувајте ги пред Бога своите барања, и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исус Христос. Понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете!