Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Филипјаните 3:15-21

Филипјаните 3:15-21 MK2006

Ние, кои сме, пак, совршени, мислиме така; ако, пак нешто инаку мислите, Бог и тоа ќе ви го открие. Но, само да го држиме она до кое достигнавме, да бидеме едномислени и по истото правило да продолжиме. Следете го мојот пример, браќа, и гледајте ги оние што живеат според образецот што го имате во вас. Зашто мнозина, за кои често сум ви зборувал, а сега дури и со солзи говорам, постапуваат како непријатели на крстот Христов; нивниот крај е погибел, нивниот бог – стомакот, а славата – во нивниот срам; тие мислат за земните работи. А нашето жителство е на небесата, од каде што Го очекуваме и Спа­сителот, нашиот Господ Исус Христос. Тој ќе го преобрази нашето по­ни­зе­но тело да стане подобно на Неговото славно тело, со силата преку која Тој може да потчинува под Себе сѐ.