Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Филипјаните 1:9-20

Филипјаните 1:9-20 MK2006

И се молам вашата љубов сѐ повеќе и повеќе да изобилува преку познанието и разбирањето на сѐ, за да можете да го распознавате најдоброто, та да бидете чисти и беспрекорни во денот на Христос, полни со плодот на праведноста, кој е преку Исус Христос, за слава и пофалба на Бога. Сакам, браќа, да знаете дека тие ра­боти, што ми се случија, придонесоа за поголем успех на Евангелието, така што во целата преторија и ме­ѓу сите други стана познато дека сум во окови за Христос; и дека повеќето од браќата во Гос­под, поттикнати од моите окови, се ос­мелија, без страв да го проповедаат сло­вото Божјо. Некои, навистина, од завист и жел­би за кавга, а други од добра волја Го проповедаа Христос: едни Го проповедаат Христос од љубов, знаејќи дека јас сум поставен да го бранам Евангелието. А другите имаат желба да се препираат неискрено, мислејќи дека ја на­го­лемуваат тежината на моите окови. Другите, пак, проповедаат од љу­бов, знаејќи дека јас сум поставен да го бранам Евангелието. Зашто знам дека тоа ќе ми послужи за спасение со вашата молитва и преку дејството на Духот на Исус Христос, како што очекувам со нетрпение и се надевам дека во ништо нема да се по­срамам, но со сета моја храброст, како секогаш, така и сега, ќе се возвеличи Христос во моето тело – било со живот, било со смрт.