Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Филимон 1:1-8

Филимон 1:1-8 MK2006

Павле, затвореник на Исус Христос, и братот Тимотеј, до возљубениот Филимон, нашиот сотрудник, и до Апфија, возљубената сестра, и до Архип, нашиот соборец, и до твојата домашна црква. Благодат вам и мир од Бога, нашиот Отец, и од Господ Исус Христос! Секогаш Му благодарам на мојот Бог, кога те спомнувам во молитвите свои, бидејќи слушам за твојата љубов и вера, која ја имаш во Господ Исус и кон сите светии, и молам нашата заедничка вера да се покаже во тебе на дело во познанието на секое добро, кое го имаме за Исус Христос. Зашто ние многу се радуваме и уте­шуваме поради твојата љубов, брате, бидејќи преку тебе се успокоија срцата на светиите. Затоа, иако имам во Христос голема слобода да ти заповедам што треба да правиш