Павле, затвореник на Исус Христос, и братот Тимотеј, до возљубениот Филимон, нашиот сотрудник, и до Апфија, возљубената сестра, и до Архип, нашиот соборец, и до твојата домашна црква. Благодат вам и мир од Бога, нашиот Отец, и од Господ Исус Христос! Секогаш Му благодарам на мојот Бог, кога те спомнувам во молитвите свои, бидејќи слушам за твојата љубов и вера, која ја имаш во Господ Исус и кон сите светии, и молам нашата заедничка вера да се покаже во тебе на дело во познанието на секое добро, кое го имаме за Исус Христос. Зашто ние многу се радуваме и утешуваме поради твојата љубов, брате, бидејќи преку тебе се успокоија срцата на светиите.
Прочитај Филимон 1
Слушај Филимон 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Филимон 1:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа