Зашто денот Господов за сите народи е близу: како си правел, така ќе ти се прави; отплатата ќе падне на твојата глава. Зашто, како што пиевте на Мојата света гора вие, така ќе пијат сите народи, ќе пијат без здив и докрај, и ќе бидат како никогаш да не биле. Но на гората Сион ќе бидат спасени и ќе биде света, и домот на Јаков ќе го добие своето наследство. Домот на Јаков ќе биде оган, а домот на Јосиф пламен, додека домот на Исав стрниште; ќе ги запалат и ќе ги изгорат; и нема никој од домот Исавов да остане жив, зашто Господ така вели.
Прочитај Авдиј 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Авдиј 1:15-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа