Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Авдиј 1:1-14

Авдиј 1:1-14 MK2006

Вака му вели Господ Бог на Едом: „Чувме глас од Господ, гласник е испратен меѓу народите: ‚Станете, да војуваме против него!‘“ Еве, те направив најмал меѓу народите, многу си презрен. Гордоста на твоето срце те измами, тебе, кој живееш во камени пештери, во својот висок дом, и му велиш на своето срце: „Кој е тој што ќе ме собори на земја?“ И да се кренеш високо како орел, да направиш гнездо меѓу ѕвездите, и оттаму ќе те симнам, говори Господ. Крадци кога би дошле кај тебе, или ноќни разбојници, зар не би украле онолку колку што сакаат? Берачи на грозје ако би те нападнале, зар би оста­виле нешто за доберување? Како беше пребран Исав, и како му ги пребараа сите негови сокриени ра­боти! До граница те избркаа, сите твои со­јузници те измамија и оние што јадат со тебе, стапица ти поставија – тоа не мо­же да се разбере! Во оној ден, вели Господ, ќе ги по­губам мудрите во земјата едомска и раз­умните во гората Исавова. И јунаците твои ќе се уплашат, Те­мане, за да се истребат сите од гората Исавова. Поради насилството и заради убис­твото, што му го направи на братот твој Јаков, со срам ќе бидеш покриен и ќе бидеш отфрлен засекогаш. Во оној ден кога ти си стоеше на­страна; во оној ден кога туѓинци му го изнесуваа богатството и кога туѓинци влегуваа низ вратата негова и фрлаа ждрепка за Ерусалим, беше и ти како еден од нив. Не радувај се на несреќниот ден на твојот брат ниту на пропаста на сино­вите Јудини, а уште помалку да ја отвораш устата своја во денот на нивните страдања. Не провалувај низ вратата на Мојот народ во денот на неговата неволја, не насладувај се на нивното зло во денот на нивната погибел, и не земај од имотот нивни во денот на нивната пропаст. И не стој на нивните крстопати, за да ги убиваш оние што бегаат, ниту да ги предаваш оние, што преживеале во денот на нивната неволја.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност