Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 7:36-47

Броеви 7:36-47 MK2006

Во петтиот ден началникот на Симе­оновите потомци Шелумиел, Цу­ри­шадаевиот син; приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет ше­кели, според свештениот шекел, обете полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос; една златна кадилница – десет ше­кели, полна со темјан, еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица, еден козел – жртва за грев, и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли и пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Шелумиел, Цуришадаевиот син. Во шестиот ден началникот на Гадовите потомци Елијасаф, Деуело­ви­от син; приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша – седумдесет ше­кели, според свештениот шекел, полни со пченично брашно, измешано со масло како лебен принос; една златна кадилница – десет шекели, полна со темјан, еден јунец, еден овен, едно едногодишно машко јагне за сепаленица, еден козел – жртва за грев, и жртва за мир – два вола, пет овни, пет козли и пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Елијасаф, Деуеловиот син.