Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 33:50-56

Броеви 33:50-56 MK2006

Тогаш му рече Господ на Мојсеј во Рамнината Моавска, кај Јордан, спроти Ерихон, велејќи: „Кажи им на синовите израелски и речи им: кога ќе минете од онаа страна на Јордан, во хананската земја, протерајте ги од пред себе сите жители на оваа земја, разрушете ги сите нивни камени идоли и сите нивни излеани идоли, и сите нивни жртвеници, разорете ги и завладејте ја таа земја, и населете се во неа, зашто Јас ви ја давам во наследство; и поделете ја земјата со ждрепка на делови меѓу вашите племиња: на мно­губројните дајте им поголем дел, а на малубројните дајте им помал дел; како кому ќе му се падне ждрепката, таму да му биде и делот; земете си делови според родовите на предците ваши. Ако, пак, не ги протерате од пред себе жителите на таа земја, тогаш оние што ќе останат, ќе бидат трн во очите ваши и бодила во слабините ваши и ќе ве притеснуваат во земјата каде што ќе живеете, и тогаш, она што мислев да им го направам ним, ќе ви го направам вам.“