И тогаш потомците на Гад го изградија Дивон, Атарот, Ароер, Атрот-Шофан, Јазер, Јогбеха, Бет-Нимра и Бет-Харан, градови утврдени, и огради за овци. А потомците на Рувим ги изградија Есевон, Елале, Кирјатаим, Нево, Ваал-Меон, чии имиња беа изменети, и Сивма; и им дадоа имиња на градовите што ги изградија. И отидоа потомците на Махир, Манасиев син, во Галаад, и го презедоа и ги протераа Аморејците што живееја таму. И им го даде Мојсеј Галаад на потомците на Махир, син Манасиев, и тие се населија таму. Јаир, пак, потомок Манасиев, отиде и ги презеде селата нивни и ги нарече Јаирови села. А Новах отиде и го зазеде Кенат и околните места, и го нарече според името свое: Новах.
Прочитај Броеви 32
Сподели
Спореди ги сите верзии: Броеви 32:34-42
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа