Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 27:12-23

Броеви 27:12-23 MK2006

И му рече Господ на Мојсеј: „Изле­зи на планината Аварим и погледај ја земјата што им ја давам на синовите израелски; и откако ќе ја погледаш, прибери се и ти при народот свој, како што се прибра Арон, братот твој; зашто вие не ја послушавте запо­ведта Моја во пустината Син, кога меѓу општеството се појави расправија, да ја покажете пред очите нивни Мојата светост при водата. Тоа е водата Мерива кај Кадис, во пустината Син.“ И Му рече Мојсеј на Господ, ве­лејќи: „Господ, Бог на духовите во сите те­ла, нека одреди над овој народ човек, кој ќе ги управува, и кој ќе ги предводи во сите можни околности, та да не остане народот Господов како стадо без пастир.“ И му рече Господ на Мојсеј: „Земи го Исус, Навиновиот син, човек, во кого има Дух, и положи ја врз него раката своја. Претстави го пред свештеникот Еле­азар и пред целото општество, и дај му наредби пред целиот народ, и дај му од славата твоја за да го слуша сиот народ на синовите израел­ски; а тој да се обраќа до свештеникот Елеазар и да се допрашува до него за решенија преку урим пред Господ; и според зборот негов секогаш да пос­тапуваат: тој и сите синови на Израел со него, и целото општество.“ И направи Мојсеј како што му заповеда Господ Бог, и го зеде Исуса, па го претстави пред свештеникот Елеазар и пред целото општество; и ги положи врз него рацете свои и му даде совет, како што заповеда Господ преку Мојсеј.