И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Ним да им се подели земјата во наследство, според бројот на имињата; на помногубројните дај им поголем дел, а на помалубројните дај им помал дел: секому треба да му се даде дел сразмерно со бројот на влезените во пребројувањето; земјата треба да се подели со ждрепка; тие треба да добијат наследство според имињата на нивните родови; со ждрепка да им се поделат нивните делови – како на многубројните, така и на малубројните.“
Прочитај Броеви 26
Сподели
Спореди ги сите верзии: Броеви 26:52-56
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа