Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 22:21-35

Броеви 22:21-35 MK2006

Утрината Валаам стана, ја оседла магарицата своја и тргна со моавските кнезови. И пламна јароста Божја, затоа што тргна тој, и застана ангел Господов на патот, за да му попречи. Тој јаваше на магарицата своја, а со него и двајца слуги негови. И магарицата го виде ангелот Гос­подов, застанат на патот со извлечен меч во раката, па скршна од патот и тргна по полето; а Валаам почна да ја удира магарицата, за да се врати на патот. И застана ангелот Господов на еден тесен пат меѓу лозјата, оградени, и од едната, и од другата страна. Магарицата кога го виде ангелот Господов, се прилепи кон оградата и ја притисна ногата на Валаам; и тој пак почна да ја тепа. Но ангелот Господов пак се тргна и застана на тесно место, каде што не­маше каде да се скршне – ниту надесно, ниту налево. Магарицата, кога го виде ангелот Гос­подов, легна под Валаам. И се раз­гневи Валаам и пак почна да ја тепа магарицата со стапот. Тогаш ја одврза Бог устата на магарицата и таа му рече на Валаам: „Што ти направив, та ме тепаш еве веќе третпат?“ Валаам ѝ рече на магарицата: „За­тоа што се подигра со мене; да имав во раката меч, сега ќе те прободев.“ А магарицата му рече на Валаам: „Нели сум јас твојата магарица, која ти ја јаваш од младоста твоја до денес? Сум ти правела ли вака досега?“ Тој одговори: „Не.“ И му ги отвори Господ очите на Валаам, и тој го виде ангелот Господов, застанат на патот со извлечен меч во раката, се поклони и падна ничкум. И му рече ангелот Господов: „Зош­то ја тепаш магарицата еве веќе трипати? Јас излегов да ти го попречам патот, зашто патот твој не Ми е по волја! И магарицата, кога ќе ме видеше, скршнуваше од мене еве веќе трипати; ако не скршнуваше од мене, ќе те убиев, а неа ќе ја оставев жива.“ И му рече Валаам на ангелот Гос­подов: „Згрешив, бидејќи не знаев дека Ти стоиш на патот пред мене; и сега, ако тоа Ти е неугодно, јас ќе се вратам.“ И му рече ангелот Божји на Ва­лаам: „Оди со овие луѓе; само зборувај го она што Јас ќе ти го кажувам.“ И отиде Валаам со Валаковите кнезови.