Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 22:15-22

Броеви 22:15-22 MK2006

И Валак пак испрати кнезови, повеќе и со поголема чест од првите. И тие дојдоа кај Валаам и му рекоа: „Вака вели Валак, синот Ципоров: ‚те молам, не откажувај да дојдеш кај мене; ќе ти укажам големи почести и ќе направам сѐ што ќе ми кажеш; па дојди и проколни го тој народ.‘“ Валаам одговори и им кажа на слугите Валакови: „Да ми ја дадеше Валак и куќата своја, полна со злато и сребро, не можам да ја прекршам заповедта на Господ Бог, и да извршам нешто мало или големо; но сепак, останете и вие тука оваа ноќ, и јас ќе разберам што уште ќе ми каже Господ.“ И дојде ноќта Бог кај Валаам и му рече: „Ако овие луѓе дошле да те викаат, стани, оди со нив; но прави го само она што ќе ти го речам Јас.“ Утрината Валаам стана, ја оседла магарицата своја и тргна со моавските кнезови. И пламна јароста Божја, затоа што тргна тој, и застана ангел Господов на патот, за да му попречи. Тој јаваше на магарицата своја, а со него и двајца слуги негови.