И откако ја разгледаа земјата, се вратија по четириесет дена. И кога пристигнаа и дојдоа кај Мојсеј и Арон и кај целото општество на синовите израелски во пустината Фаран, во Кадис, тие му донесоа таму и на целиот народ одговор, и им ги покажаа плодовите од онаа земја; и му раскажаа и рекоа: „Бевме во земјата, во која нѐ испрати; во неа навистина тече мед и млеко, и еве ги плодовите нејзини; но народот, кој живее во таа земја, е силен, и градовите се укрепени и многу големи; таму ги видовме и потомците на родот Анаков. Амалик живее во јужниот дел на земјата, а Хитијците, Јевусијците и Аморејците живеат по планината; Хананците, пак, живеат крај морето и по брегот на Јордан.“
Прочитај Броеви 13
Сподели
Спореди ги сите верзии: Броеви 13:25-29
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа