И се обрати Мојсеј кон Господ, велејќи: „Боже, Ти се молам, исцели ја.“ И Му рече Господ на Мојсеј: „Ако татко ѝ ја беше плукал во лице, не ќе требаше ли таа да се срамува седум дена?! И така, нека биде прогонета седум дена надвор од населбата, а потоа пак да се врати.“ И престојуваше Мирјам надвор од логорот седум дена, и народот не тргна на пат, додека таа не се врати.
Прочитај Броеви 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: Броеви 12:13-15
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа