И му рече Господ на Мојсеј: „Собери ми седумдесет мажи од старешините израелски, за кои знаеш дека се негови главатари и надзорници, па доведи ги кај скинијата на собранието, за да застанат таму заедно со тебе. Јас ќе слезам и ќе зборувам таму со тебе, ќе земам од Духот, Кој е врз тебе, и ќе им наредам ним, да го носат заедно со тебе бремето на народот, а не ти сам да го носиш. А на народот кажи му: очистете се за утрешниот ден, и ќе јадете месо; зашто плачете пред Господ велејќи: – кој ќе не нахрани со месо; добро ни беше во Египет, – затоа Господ ќе ви даде месо, и ќе јадете месо
Прочитај Броеви 11
Сподели
Спореди ги сите верзии: Броеви 11:16-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа