Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 1:1-33

Броеви 1:1-33 MK2006

И му рече Господ на Мојсеј во Синајската Пустина, во скинијата на собранието, во првиот ден од вториот месец, на втората година, откако беа излегле од египетската земја, велејќи: „Пребројте ја целата заедница на синовите израелски според родовите нивни, според семејствата нивни, според бројот на имињата нивни, сите од машки пол до еден; од дваесет години нагоре, сите способни за војна во Израел; според легиите нивни пребројте ги ти и Арон; заедно со вас треба да има од секое колено по еден претставник, кој е старешина на родот свој. И еве ги имињата на мажите, кои ќе бидат со вас: од Рувим – Елицур, синот на Шедеур; од Симеон – Шелумиел, синот на Цу­ри­шадај; од Јуда – Наасон, синот Амина­давов; од Исахар – Натанаил, синот на Цуар; од Завулон – Елијав, синот Хелонов; од синовите на Јосиф: од Ефрем – Елишама, синот Амиудов; од Манасија – Гамалиил, синот на Педацур; од Венијамин – Авидан, синот Гидо­ниев; од Дан – Ахиезер, синот на Ами­ша­дај; од Асир – Пагиил, синот на Охран; од Гад – Елјасаф, синот на Деуел; од Нефталим – Ахира, синот Ена­нов. Тоа се избраните мажи од народот, старешините на татковските племиња, началници на израелските легиони.“ Тогаш Мојсеј и Арон ги зедоа тие именувани мажи и го собраа сиот народ на првиот ден од вториот месец; и тие ги објавија своите родословија, според родовите свои, според семејствата свои, според бројот на имињата, од дваесет години и нагоре, сите до еден, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. И тој го изврши пребројувањето нивно во Синајската Пустина. Од Рувим, првородениот Израелов син, според родовите нивни, според се­мејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, сите до еден, од машки пол, од дваесет години нагоре, способни за војна, се изброија од племето Рувимово че­тириесет и шест илјади и петстотини. Од потомците Симеонови според ро­довите нивни, според семејствата нив­ни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, сите до еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна, се изброија од племето Симеоново педесет и девет илјади и триста. Од потомците Гадови според ро­довите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна, изброија од племето Гадово чети­риесет и пет илјади шестотини и пе­десет. Од потомците Јудини според родо­вите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна, изброија од коленото Јудино се­думдесет и четири илјади и шестотини. Од потомците Исахарови според родовите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна, се изброија од племето Исахарово педесет и четири илјади и четиристотини. Од потомците Завулонови според родовите нивни, според семејствата нив­ни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна, се изброија од племето Завулоново педесет и седум илјади и четиристотини. Од потомците на Јосиф, синовите Ефремови, според родовите нивни, спо­ред семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна, се изброија од племето Ефремово четириесет илјади и петстотини.