Кога слушнаа Санавалат, Товија и Гешем, Арабјанецот и другите наши непријатели дека јас го изѕидав ѕидот, и дека на него не остана ниту една пукнатина – до тоа време, меѓутоа, не бев поставил уште врати на портите, – тогаш Санавалат и Гешем испратија луѓе да ми кажат: „Дојди да се сретнеме во Кефирим, во долината Оно!“ Тие намислиле да ми направат зло. Но јас испратив пратеници да им кажат: „Зафатен сум со голема работа, не можам да слезам; работата ќе запре, ако ја оставам и слезам кај вас.“ Четирипати тие ми испраќаа таква покана, а јас им враќав ист одговор.
Прочитај Неемија 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: Неемија 6:1-4
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа