тогаш по ниските места на градот, зад ѕидот, по сувите места, го построија народот по родови со мечевите нивни, со копјата нивни и со лаковите нивни. Па погледнав и станав, та им реков на првенците и војводите и на другиот народ: „Не плашете се од нив; спомнете си за Господ Кој е величествен и влева страхопочит и бијте се за браќата свои, за синовите свои, за ќерките свои, за жените свои и за куќите свои.“ Кога слушнаа нашите непријатели дека ни е познато што кројат, тогаш Бог го растури нивниот заговор, и ние сите се вративме кај ѕидот, секој на својата работа. Од тој ден половина од моите слуги работеа на изградбата, а другата половина стоеше со копја, штитови, лакови и оклопи; а нивните водачи беа зад целиот дом Јудин. Оние што го градеа ѕидот и носеа товари, така го правеа тоа, што со едната рака ја извршуваа работата, а во другата рака држеа копје. Сите градители беа препашани со меч околу половината, и така градеа, а до мене беше трубачот. И им реков на водачите и началниците и на другиот народ: „Работата е голема и нашироко распространета, а ние сме распрснати по ѕидот и оддалечени едни од други; затоа, од каде ќе чуете звук на труба, накај тоа место собирајте се кон нас: нашиот Бог ќе се бори за нас.“
Прочитај Неемија 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Неемија 4:7-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа