Во дваесеттата година од царувањето на Артаксеркс, во еден ден од месецот нисан, имаше пред мене вино. Јас го зедов виното и му го подадов на царот, и бев натажен пред него. А царот ме праша: „Зошто ти е нажалено лицето, иако не си болен? Тоа може само да значи дека имаш тага на срцето.“ Јас многу се уплашив и му реков на царот: „Вечно да си жив, царе! Како да не ми биде тажно лицето кога градот, домот, каде што се гробовите на предците мои, е запустен и портите негови со оган се изгорени!“ И царот ми рече: „Па што бараш?“ Јас се помолив на небесниот Бог и му одговорив на царот: „Ако му е угодно на царот, и ако твојот слуга нашол благоволение пред лицето твое, тогаш испрати ме во Јудеја, во градот, каде што се гробовите на предците мои за да го изѕидам.“ И ми рече царот пред царицата, која седеше до него: „Колку време ќе трае патот твој, и кога ќе се вратиш?“ И царот се согласи да ме пушти, откако го определив времето.
Прочитај Неемија 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Неемија 2:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа