Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Неемија 13:4-9

Неемија 13:4-9 MK2006

А пред тоа свештеникот Елија­шив, поставен над одделите при домот на нашиот Бог, близок роднина на Товија, одреди за него една голема соба, во која пред тоа ставаа лебен принос, темјан и садови, и десеток од житото, виното и маслото, определени со за­кон за левитите, певците и вратарите, и приносите за свештениците. Кога се случуваше сето тоа, јас не бев во Ерусалим, зашто во текот на триесет и втората година на вавилонскиот цар Артаксеркс бев кај царот и по извесно време пак се измолив од царот одново да се вратам во Ерусалим. Тогаш дознав за злото, што го беше направил Елијашив, определувајќи за Товија соба во дворот на Божјиот дом. Ми стана многу непријатно, и јас ја исфрлив сета покуќнина на Товија надвор од собата, и реков да ја исчистат собата и порачав пак да ги внесат таму садо­вите на Божјиот дом, лебниот принос и темјанот.