Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко Вовед

Вовед
Евангелието според Марко, започнува со најавата за радосната вест за Исус Христос, Божјиот Син. Исус е прикажан како моќна и силна личност, от­сликана во Неговите поуки, исцелувања, истерување на демони и простување на гревови. Исус ни се претставува како „Син Човечки“, Кој дојде да се жртвува за да ги ослободи луѓето од гревот.
Ова е најкусо од четирите евангелија и претежно ги пренесува Исусовите дела, а не Неговото учење. По еден кус вовед за мисијата на Јован Крстител, крштавањето и искушувањето на Исус, Марко веднаш преминува на исцелувањата што Исус ги вршел. Со текот на времето Исусовите следбеници сѐ повеќе Го запознавале и разбирале, додека Неговите непријатели станувале сѐ понасилни. Завршните глави ги опишуваат случките од последната седмица од Неговиот живот на земјата, вклучувајќи ги и распнувањето и воскресението.

Селектирано:

Марко Вовед: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност