Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 8:27-33

Марко 8:27-33 MK2006

И излезе Исус со учениците Свои по селата на Кесарија Филипова. По па­тот ги праша учениците Свои и им ре­че: „За кого Ме мислат луѓето?“ Тие одговорија: „За Јован Крс­ти­тел, некои за Илија, а други, пак, за не­кој од пророците.“ Тој, пак, им рече: „А вие, за кого Ме мислите?“ Петар Му одговори и ре­че: „Ти си Христос!“ И им заповеда никому да не говорат за Него. Па почна да ги учи дека Синот Чо­вечки треба многу да пострада, да биде отфрлен од старешините, првосвеш­те­ниците и книжниците, и да биде убиен и на третиот ден да воскресне. И говореше за тоа отворено. Но Петар, Го повлече настрана и почна да Го одвраќа. А Тој, кога се заврте и ги погледна учениците Свои, му забрани на Петар да говори и рече: „Бегај од Мене, сата­но! Зашто не мислиш на она што е Божјо, туку на она што е човечко!“