Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 8:1-12

Марко 8:1-12 MK2006

Во тие дни, кога се беше собрал многу народ и немаше што да јадат, Исус ги повика учениците Свои и им рече: „Ми е жал за народот, зашто веќе три дни стојат кај Мене и нема што да јадат. Ако ги пуштам да си одат гладни по куќите нивни, ќе премалеат по патот, зашто некои се дојдени оддалеку.“ Учениците Му одговорија: „Од каде може човек сите овие да ги нахрани со леб, овде во пустинава?“ И ги праша: „Колку лебови имате?“ А тие одговорија: „Седум.“ Тогаш му заповеда на народот да по­седне по земјата; па, откако ги зеде се­думте лебови, заблагодари, ги раскрши и им ги даде на учениците Свои да ги разделат; и тие ги разделија на народот. Имаа и малку риби; ги благослови и заповеда да ги раздадат и нив. И јадеа, и се наситија; и собраа се­дум кошници останати парчиња. А оние, што јадеа, беа околу четири илјади души. И ги пушти да си одат. И веднаш влезе во кораб со уче­ни­ците Свои и дојде во пределите Дал­ма­нутски. И излегоа фарисеите и почнаа да се препираат со Него, па искушувајќи Го, Му бараа чудесен знак од небото. А Тој воздивна длабоко и рече: „Зошто овој род бара чудесен знак? Вистина ви велам: нема да му се даде чудесен знак на овој род.“