Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 7:9-15

Марко 7:9-15 MK2006

И им рече: „И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите ва­шето предание. Зашто Мојсеј рече: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘ и ‚Кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни.‘ А вие велите: ‚Ако некој каже на татка си или на мајка си: она, со кое би можел да те издржувам е корбан, односно, прилог е‘, тогаш таквиот не го оставате веќе ништо да стори за својот татко или за својата мајка, престапувајќи го словото Божјо со вашето предание, што сте го предале вие; многу такви слични работи вр­шите.“ И кога го повика сиот народ, им ре­че: „Слушајте Ме сите и разберете: ништо, што влегува во устата на чо­векот однадвор, не може да го ос­квер­ни; туку она што излегува од него, тоа го осквернува човекот.