Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 7:1-37

Марко 7:1-37 MK2006

Се собраа кај Него фарисеите и некои од книжниците, што беа дошле од Ерусалим. И кога видоа дека некои од Не­го­ви­те ученици јадат леб со нечисти, односно со немиени раце, ги укорија. (Зашто фарисеите и сите Јудејци, држејќи го преданието на старите, не јадат, дури не ги измијат рацете до лактите; и кога ќе се вратат од пазар, не ја­дат, дури не се измијат; и уште многу друго има што примиле и го држат; ми­ење чаши, чинии, котли и столови.) Потоа фарисеите и книжниците Го прашаа: „Зошто учениците Твои не постапуваат според преданието на ста­рите, но со неизмиени раце јадат леб?“ А Тој им одговори и рече: „Добро пророкувал Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‚Овој народ со уста Ме почитува, но срцето им е да­ле­ку од Мене; но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘ Зашто, вие, оставајќи ја Божјата за­повед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи.“ И им рече: „И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите ва­шето предание. Зашто Мојсеј рече: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘ и ‚Кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни.‘ А вие велите: ‚Ако некој каже на татка си или на мајка си: она, со кое би можел да те издржувам е корбан, односно, прилог е‘, тогаш таквиот не го оставате веќе ништо да стори за својот татко или за својата мајка, престапувајќи го словото Божјо со вашето предание, што сте го предале вие; многу такви слични работи вр­шите.“ И кога го повика сиот народ, им ре­че: „Слушајте Ме сите и разберете: ништо, што влегува во устата на чо­векот однадвор, не може да го ос­квер­ни; туку она што излегува од него, тоа го осквернува човекот. Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“ И кога се оддалечи од народот и влезе во една куќа, учениците Негови Го прашаа за параболата. А Тој им рече: „Зар сте и вие така неразумни? Не разбирате ли дека ниш­то, што влегува во човекот однадвор, не може да го оскверни? Зашто, тоа не оди во срцето, туку во стомакот, и излегува надвор, чис­теј­ќи ја сета храна.“ И уште им рече: „Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот. Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодеј­ства, блудства, убиства, кражби, лакомства, лукавства, па­кос­ти, злоби, око завидливо, богохул­ство, гордост, безумство. Сето тоа зло одвнатре излегува и го осквернува човекот.“ И кога се крена оттаму, отиде во пределите Тирски и Сидонски; и кога влезе во една куќа, сакаше никој да не Го дознае. Но не можеше да се сокрие. Зашто чу за Него една жена, чија ќерка имаше нечист дух, па дојде и пад­на пред нозете Негови. А таа жена беше друговерка, по по­текло Сирофеничанка; и Го молеше да го истера демонот од ќерка ѝ. Но Исус ѝ рече: „Остави најнапред да се нахранат децата; зашто не е право да се земе лебот од децата и да им се фрли на кучињата.“ А таа одговори и Му рече: „Да, Гос­поди! Но и кучињата јадат под трпезата, од трошките на децата.“ И ѝ рече: „За ова што го рече – мо­жеш да си одиш! Демонот излезе од ќерка ти.“ И кога се врати дома, ја најде ќерка си како лежи на постела, а демонот беше излегол од неа. И пак излезе Исус од пределите Тирски и Сидонски и отиде кон Га­ли­лејското Море, низ пределите на Де­сет­тоградието. И доведоа кај Него еден глув и тепкав, па Го молеа да положи над него ра­ка. Исус, откако го одведе настрана од народот, ги стави Своите прсти во не­го­вите уши; а кога плукна, го допре не­го­виот јазик; потоа погледна на небото, воздивна и му рече: „Ефата!“ – што значи: „Отво­ри се!“ И веднаш му се отвори слухот, и се разврзаа врските на неговиот јазик и го­вореше чисто. И им заповеда никому да не ка­жу­ваат. Но, колку повеќе Тој им забрануваше, толку повеќе тие разгласуваа. И прекумерно се чудеа и велеа: „Сѐ добро прави: и глувите ги прави да слушаат и немите да зборуваат!“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност