Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 7:1-23

Марко 7:1-23 MK2006

Се собраа кај Него фарисеите и некои од книжниците, што беа дошле од Ерусалим. И кога видоа дека некои од Не­го­ви­те ученици јадат леб со нечисти, односно со немиени раце, ги укорија. (Зашто фарисеите и сите Јудејци, држејќи го преданието на старите, не јадат, дури не ги измијат рацете до лактите; и кога ќе се вратат од пазар, не ја­дат, дури не се измијат; и уште многу друго има што примиле и го држат; ми­ење чаши, чинии, котли и столови.) Потоа фарисеите и книжниците Го прашаа: „Зошто учениците Твои не постапуваат според преданието на ста­рите, но со неизмиени раце јадат леб?“ А Тој им одговори и рече: „Добро пророкувал Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‚Овој народ со уста Ме почитува, но срцето им е да­ле­ку од Мене; но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘ Зашто, вие, оставајќи ја Божјата за­повед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи.“ И им рече: „И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите ва­шето предание. Зашто Мојсеј рече: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘ и ‚Кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни.‘ А вие велите: ‚Ако некој каже на татка си или на мајка си: она, со кое би можел да те издржувам е корбан, односно, прилог е‘, тогаш таквиот не го оставате веќе ништо да стори за својот татко или за својата мајка, престапувајќи го словото Божјо со вашето предание, што сте го предале вие; многу такви слични работи вр­шите.“ И кога го повика сиот народ, им ре­че: „Слушајте Ме сите и разберете: ништо, што влегува во устата на чо­векот однадвор, не може да го ос­квер­ни; туку она што излегува од него, тоа го осквернува човекот. Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“ И кога се оддалечи од народот и влезе во една куќа, учениците Негови Го прашаа за параболата. А Тој им рече: „Зар сте и вие така неразумни? Не разбирате ли дека ниш­то, што влегува во човекот однадвор, не може да го оскверни? Зашто, тоа не оди во срцето, туку во стомакот, и излегува надвор, чис­теј­ќи ја сета храна.“ И уште им рече: „Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот. Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодеј­ства, блудства, убиства, кражби, лакомства, лукавства, па­кос­ти, злоби, око завидливо, богохул­ство, гордост, безумство. Сето тоа зло одвнатре излегува и го осквернува човекот.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност