И им рече: „Зар не ја разбирате оваа парабола? Како тогаш ќе ги разберете сите параболи? Сејачот го сее словото. Посеаното покрај патот ги означува оние, кај кои се сее словото, но кај кои, откако ќе го чујат, веднаш доаѓа сатаната и им го грабе словото, посеано во срцата нивни. Исто така и посеаното на каменито место ги означува оние, кои, штом го чујат словото, веднаш со радост го примаат, но немаат во себе корен и се непостојани; па, кога ќе настане жалост или гонење заради словото, веднаш се соблазнуваат. Посеаното во трње ги означува оние што го слушаат словото, но грижите за овој век, примамливото богатство и други желби, кои, кога ќе се вселат во нив, го задушуваат словото и тоа останува бесплодно. А посеаните зрна на добра земја се оние, што го слушаат словото и го примаат и донесуваат плод: едни триесет, други шеесет, а други сто.“
Прочитај Марко 4
Слушни за Марко 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Марко 4:13-20
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа