Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 3:20-35

Марко 3:20-35 MK2006

И дојдоа в куќи; и пак се собра на­род, така што тие не можеа ни леб да јадат. И кога чуја Неговите, отидоа да Го приберат, зашто се говореше дека не бил на Себеси. А книжниците, што беа слегнале од Ерусалим, велеа дека во Него е Вел­зе­вул и дека демоните ги истерува со силата на заповедникот на демоните. И кога ги повика, им говореше во параболи: „Како може сатаната да из­го­нува сатана? Ако едно царство се раздели на де­лови, еден против друг, тоа царство не може да се одржи; и, ако еден дом се раздели на де­ло­ви, еден против друг, тој дом не може да опстане; ако и сатаната се дигнал против се­беси, и се разделил, не ќе може да се од­ржи, но му дошол крајот. Никој не може, кога ќе влезе во ку­ќата на силен човек, да му ја ограби по­куќнината, ако најнапред не го врзе силниот; и тогаш ќе му ја земе по­куќ­нината. Вистина, ви велам: на човечките си­нови ќе им се простат сите гревови и хули, какви и да бидат тие; но, кој похули на Светиот Дух, нему нема да му се прости никогаш, а ќе биде виновен пред вечниот суд.“ Зашто велеа: „Нечист дух има во Него.“ И дојдоа мајка Му и браќата Не­го­ви, па, стоејќи надвор, порачаа да Го викнат. А околу Него седеше народ, и Му рекоа: „Ете, мајка Ти и браќата Твои, и сес­трите Твои, надвор се и Те бараат.“ А Тој им одговори, велејќи: „Која е Мојата мајка и кои се браќата Мои?“ Па, упатувајќи поглед кон оние што седеа околу Него, рече: „Еве ги Мојата мајка и Моите браќа. Зашто оној, кој ја исполнува волјата Божја, тој Ми е брат, и сестра, и мајка!“