Учениците на Јован и на фарисеите постеа. И приоѓаа некои, па Му велеа: „Зошто учениците Јованови и на фарисеите постат, а Твоите ученици не постат?“ Исус им рече: „Зар можат сватовите да постат кога младоженецот е со нив!? Додека е со нив младоженецот, тие не можат да постат; но ќе дојдат дни, кога ќе им го одземат младоженецот и тогаш, во тие дни, и тие ќе постат. Никој не крпи стара облека со нова крпа; инаку, новозашиената крпа ќе се отшие од старото, и отворот ќе биде уште поголем. Никој не става ново вино во стари мевови; инаку, новото вино ќе ги расцепи мевовите и виното ќе истече, а мевовите ќе се упропастат; туку ново вино треба да се става во нови мевови.“
Прочитај Марко 2
Слушај Марко 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Марко 2:18-22
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа