Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 2:13-28

Марко 2:13-28 MK2006

И излезе Исус пак покрај морето, и сиот народ доаѓаше кај Него, и Тој ги поучуваше. И кога одеше, го виде Левиј Ал­фе­ев, кој седеше во царинарницата и му рече: „Врви по Мене!“ Тој стана и тргна по Него. А кога седеше Исус на трпезата во неговата куќа, заедно со Него седеа и учениците Негови, и многу цариници и грешници; зашто тие беа мно­зи­на и врвеа по Него. Книжниците и фарисеите, штом Го видоа како јаде со цариници и грешници, им рекоа на учениците Не­го­ви: „Зошто Тој со цариници и грешници јаде и пие?“ Кога го чу тоа Исус, им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, ту­ку болните. Не сум дошол да ги по­ви­кам праведниците, туку грешниците (на покајание).“ Учениците на Јован и на фарисеите постеа. И приоѓаа некои, па Му велеа: „Зошто учениците Јованови и на фари­се­ите постат, а Твоите ученици не постат?“ Исус им рече: „Зар можат свато­ви­те да постат кога младоженецот е со нив!? Додека е со нив младоженецот, тие не можат да постат; но ќе дојдат дни, кога ќе им го одземат младоженецот и тогаш, во тие дни, и тие ќе постат. Никој не крпи стара облека со нова крпа; инаку, новозашиената крпа ќе се отшие од старото, и отворот ќе биде уште поголем. Никој не става ново вино во стари мевови; инаку, новото вино ќе ги расце­пи мевовите и виното ќе истече, а ме­во­вите ќе се упропастат; туку ново вино треба да се става во нови мевови.“ И Му се случи во саботен ден да ми­нува преку нивјето, и врвејќи, уче­ни­ците Негови почнаа да кинат класје. А фарисеите Му рекоа: „Гледај, зошто го прават учениците во сабота тоа, што не треба да се прави?“ Но Тој им рече: „Зар никогаш не сте читале што направи Давид, кога ог­ладне тој и оние, што беа со него? Како влезе во храмот Божји, во вре­мето на првосвештеникот Авијатар, ги изеде приставените лебови од жрт­ве­ни­кот, што не требаше да ги јаде никој друг освен свештениците, па им даде и на оние, што беа со него!“ Потоа продолжи: „Саботата е соз­да­дена за човекот, а не човекот за саботата. Па така, Синот Човечки е господар и на саботата.“