Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 15:40-47

Марко 15:40-47 MK2006

Имаше и жени што гледаа одда­ле­ку; меѓу нив беше и Марија Магдалена, и Марија, мајката на малиот Јаков и на Јосија, и Саломија, кои и тогаш, кога Тој беше во Гали­леја, врвеа по Него и Му служеа, и мно­гу други што беа дошле со Него во Еру­салим. А кога се стемни веќе, бидејќи беше петок, односно ден спроти сабота, дојде Јосиф од Ариматеја, прочуен член на советот, кој и сам го очекуваше царството Божјо, се осмели да влезе кај Пилат и го замоли за телото Исусово. Пилат се зачуди дека Тој веќе ум­рел; и кога го извика стотникот, го пра­ша дали одамна умрел. Па штом дозна од стотникот, му го даде телото на Јосиф. А Јосиф купи платно, Го симна и Го обви во плаштаница и Го положи во гроб, што беше издлабен во карпа и на­вали камен на гробната врата. А Марија Магдалена и Марија Јо­сиева гледаа каде Го полагаат.