Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 15:33-47

Марко 15:33-47 MK2006

А во шестиот час настана темнина по целата земја, до деветтиот час. И во деветтиот час Исус извика гласно велејќи: „Елои, Елои, Лама са­вахтани?“ А тоа значи: „Боже Мој, Бо­же Мој, зошто Ме остави?“ Некои од оние, што стоеја таму, штом го чуја тоа, рекоа: „Ете, го вика Илија!“ А еден отрча, натопи сунѓер во оцет, па како го закачи на трска, Му да­ваше да пие, велејќи: „Почекајте да ви­диме, ќе дојде ли Илија да Го симне.“ А Исус, пак, испуштајќи висок глас, издивна. И завесата на храмот се расцепи на две, одозгора додолу. А стотникот, што стоеше спроти Него, кога виде дека Тој, откако извика така и издивна, рече: „Навистина Овој Човек бил Син Божји!“ Имаше и жени што гледаа одда­ле­ку; меѓу нив беше и Марија Магдалена, и Марија, мајката на малиот Јаков и на Јосија, и Саломија, кои и тогаш, кога Тој беше во Гали­леја, врвеа по Него и Му служеа, и мно­гу други што беа дошле со Него во Еру­салим. А кога се стемни веќе, бидејќи беше петок, односно ден спроти сабота, дојде Јосиф од Ариматеја, прочуен член на советот, кој и сам го очекуваше царството Божјо, се осмели да влезе кај Пилат и го замоли за телото Исусово. Пилат се зачуди дека Тој веќе ум­рел; и кога го извика стотникот, го пра­ша дали одамна умрел. Па штом дозна од стотникот, му го даде телото на Јосиф. А Јосиф купи платно, Го симна и Го обви во плаштаница и Го положи во гроб, што беше издлабен во карпа и на­вали камен на гробната врата. А Марија Магдалена и Марија Јо­сиева гледаа каде Го полагаат.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност