Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 14:53-72

Марко 14:53-72 MK2006

И Го доведоа Исус кај прво­свеш­те­никот, и се собраа таму сите прво­свеш­теници, старешини и книжници. А Петар врвеше по Него оддалеку и влезе внатре, во дворот на прво­свеш­теникот; па седна со слугите и се гре­е­ше на огнот. Првосвештениците и целиот Синед­рион бараа сведоштва против Исус, за да Го убијат, и не наоѓаа. Зашто мнозина лажно сведочеа против Него, но тие сведоштва не се сложуваа. И станаа некои, па сведочеа лажно против Него, велејќи: „Чувме кога Тој говореше: ‚Ќе го урнам овој ракотворен храм и по три дни ќе соѕидам друг, неракотворен.‘“ Но ни тоа нивно сведочење не беше еднакво. И првосвештеникот, откако застана на средина, Го праша Исуса говорејќи: „Ништо ли не одговараш? Што све­до­чат овие против Тебе?“ Но Тој молчеше и ништо не одгова­раше. Првосвештеникот пак Го праша и Му рече: „Ти ли си Христос, Синот на Благословениот?“ Исус рече: „Јас сум; и ќе Го видите Синот Човечки како седи од десната страна на Силата и како иде на обла­ци­те небески.“ А првосвештеникот, пак, ја раскина облеката своја, рече: „Зошто ни се по­веќе сведоци? Чувте како хули на Бога; што мислите?“ И сите тие се согласија дека за­служува смрт. А некои почнаа да плукаат на Него, да Му го покриваат лицето, да Го уди­ра­ат и да Му велат: „Проречи!“ И слу­гите Го удираа по образите. Кога Петар беше долу во дворот, дојде една од слугинките на прво­свеш­теникот, па, штом го виде Петар како се грее, погледна во него и рече: „И ти бе­ше со Исус од Назарет.“ Но тој одрече, велејќи: „Не знам, ниту разбирам што говориш.“ И излезе надвор пред дворот и запеа петел. Слугинката, кога го виде повторно, почна да им зборува на оние што стоеја таму: „И овој е од нив!“ Тој пак одрече. Подоцна, оние, што стоеја таму, му рекоа на Петар: „Навис­тина, и ти си од нив; бидејќи си Га­ли­ле­ец, а и говорот ти е таков!“ А тој почна да се колне и се заколна: „Не Го познавам Овој Човек, за Ко­го говорите!“ И по вторпат петел запеа. Петар се сети на зборовите, што му ги кажа Исус: „Уште пред двапати петел да за­пее, трипати ќе се одречеш од Мене.“ И почна да плаче.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Марко 14:53-72

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност