Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 14:17-26

Марко 14:17-26 MK2006

А кога се стемни, Тој дојде со два­наесетте. И кога седеа и јадеа, Исус им рече: „Вистина ви велам: еден од вас, што јаде со Мене, ќе Ме предаде.“ Тие се разжалостија и почнаа еден по друг да прашуваат: „Да не сум јас?“ А Тој им одговори и рече: „Еден од дванаесетте е, што мака со Мене во чи­нијата. Но Синот Човечки заминува, како што е пишано за Него. Само тешко му на оној човек, преку кого Синот Чо­веч­ки ќе биде предаден; подобро ќе беше за тој човек, да не се беше родил!“ И кога јадеа, зеде Исус леб, го бла­гослови, го прекрши, па им даде и рече: „Земете, јадете; тоа е Моето тело.“ Потоа ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде; и се напија од неа сите. И им рече: „Тоа е Мојата крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина. Вистина ви велам: Јас нема да пијам веќе од лозовиот плод сѐ до оној ден, кога ќе пијам нов во царството Божјо.“ Па, откако испеаја благодарствена песна, се искачија на Маслиновата Го­ра.